Search

Барселона го преслуша Реал и по шести пат во низа ќе игра во финалето на Копа Дел Реј

Екипата на Барселона е првиот финалист во Копа Дел Реј и тоа откако во  реванш, издвојуваше убедлива победа над вечниот ривал Реал Мадрид од 3-0.

„Кралевите“ имаа повеќе од играта, создадоа повеќе шанси, но истите не ги искористија, па беа сурово казнети од каталонците. Првиот дел заврши без голови за да на почетокот на вториот (50 минута) Барса го отвори резултатот преку Суарез на асистенција на Дембеле.

Во 69 минута автогол си постигна Варан за да потоа биде досуден пенал за Барселона кој мајсторски со „паненка“ го реализираше Луис Суарез. По ова стана јасно кој ќе ја однесе победата и кој ќе игра за трофејот во ова натпреварување, односно ова клубот од „Камп Ноу“ ќе биде шесто финале во низа во ова натпреварување и можност да дојде до 31 трофеј.

Ривал на Барса ќе биде подобриот од битката меѓу Валенсија и Бетис.

Треба да знаете
Последни објави