Search

Претседателот на Ајнтрахт: ПСЖ пливаат во пари, се надевам дека…

Во екипата на Ајнтрахт Франкфурт, која игра одлично оваа сезона, важна улога има голманот Кевин Трап кој настапува како позајмен играч од редовите на ПСЖ.

Клубот од Франкфурт се надева дека ќе го задржи Трап, а претседателот на германскиот клуб смета дека Парижаните имаат доволно пари и не би требало да им прават проблеми.

„Парижаните буквално пливаат во пари, на нив тоа не им треба. Мислам дека нема да не за*бат за Трап“, изјави првиот човек на Ајнтрахт.

Треба да знаете
Последни објави