Search

Баерн Минхен го договори наследникот на Левандовски

Знаеме како одат работите во германскиот фудбал – еден индивидуалец напредува во неговиот матичен клуб додека не стане репрезентативец, а потоа ги пакува куферите и заминува во Баерн Минхен. Најновиот таков фудбалер е Тимо Вернер.

 

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен и Тимо Вернер ги договориле личните услови и напаѓачот на РБ Лајпциг веќе од следното лето ќе биде нов играч на актуелниот германски шампион.

Според германски весник, напаѓачот Тимо Вернер веќе ги договорил личните услови за премин во Баерн Минхен, па сега единствено останува двата клуба да најдат заеднички јазик околу висината на отштетата за неговиот трансфер. Доколку РБ Лајпциг не успее да се договори за висината на трансферот, 22-годишниот Вернер ќе се пресели во Минхен во летото 2020 година.

Во изминатите три сезони во Бундес лигата, Тимо Вернер постигна 45 гола и полека се наметнува како најдобар избор за напаѓачката позиција во репрезентацијата на Германија. Мануел Нојер, Марио Геце, Леон Горецка, Себастијан Руди, Матс Хумелс, Серж Гнабри и Николас Шуле се само дел од играчите кои му се приклучија на Баерн Минхен од останатите германски клубови, а наредното лето истото ќе го направи и Бенџамин Павард.

Покрај за Тимо Вернер, во последниот период Баерн Минхен е заинтересиран и за левиот бек на француската репрезентација, Лукас Хернандез, кој во моментов го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави