Search

Бејл и Реал сѐ поблиску до разделба?

Крилото на европскиот клупски шампион Реал Мадрид, Герет Бејл, е исклучително незадоволен од неговата позиција во тимот.

 

На Велшанецот не му се допаѓа улогата на резерва. Тренерот Сантијаго Солари се потпира на Лукас Васкез и младиот Винициус на крилата. Британецот смета дека е подобар играч од двајцата и не разбира зошто не игра место нив.

Тој е исто така незадоволен од неговите соиграчи, особено од Тибо Куртоа и Марсело. Двајцата си дозволија да коментираат за Бејл .

Белгискиот голман изјави дека прекарот на Велшанецот бил „голфер“, бидејќи тој повеќе сакал да игра голф, наместо да контактира со другите играчи на Реал.

Марсело пак рече дека Бејл не знаел шпански и комуницирал со него само преку гестови.

Бејл исто така бил вознемирен од критиките од шпанскиот печат упатени на негова адреса.

По завчерашната победа од 2:1 над Леванте, Лука Модриќ наводно го смирувал велшкиот репрезентативец во соблекувалната поради горенаведените причини.

Треба да знаете
Последни објави