Search

Лејди Гага со 30 милиони долари се појави на црвениот тепих

Американската пејачка и актерка Лејди Гага, носела скапоцен ѓердан од славен бренд, вреден 30 милиони долари, кој никој не го носел повеќе од половина век.

Филмот “Green Book”, вистинска приказна за црн пијанист, го освоил оскарот за најдобар филм. Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој веќе освоил Оскар за најдобра режија во 2014-та година за “Гравитација”, и оваа година ја добил истата награда за филмот “Рома”. Филмот добил Оскар и за најдобар странски филм.

На црвениот тепих прошетале многу познати актерки и пејачки, покажувајќи го сиот холивудски гламур. Еден од добитниците на Оскар, американската пејачка и актерка Лејди Гага, носела скапоцен ѓердан од славен бренд, вреден 30 милиони долари, кој никој не го носел повеќе од половина век.Имено, ова парче накит пред Гага го носела Одри Хепберн, а станува збор за ѓердан со 128-каратни жолти дијаманти.

Треба да знаете
Последни објави