Search

Откриен мотивирачкиот говор кој го имал Солари на полувремето од дуелот со Ајакс

Екипата на Реал Мадрид го совлада Ајакс на „Јохан Кројф Арената“ во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ славеа тесна победа од 2:1 во натпревар во кој ќе треба што побрзо да го заборават првото полувреме.

Сепак, во вторите 45 минути избраниците на Солари го кренаа нивото на игра, а токму говорот кој го одржал аргентинскиот стратег на паузата бил главната причина што фудбалерите заиграле далеку подобро во второто полувреме.

– Им дозволуваме да си поигруваат со нас. Не смее да го правиме тоа. Има моменти кога вака играме со намера, но вечерва мора да „загриземе“. Мора да напредуваме и секој индивидуално мора да оди напред и да се држи за тимот, како што прават тие. Со две кратки комбинации, ќе создадеме простор кој ќе ни донесе многу можности – истакнал Солари.

Овој разговор ги мотивирал играчите кои во вториот дел заиграа многу подобро и со погодоците на Бензема и Лукас Васкез ја обезбедија посакуваната победа.

Треба да знаете
Последни објави