Search

Драма на Меаца: Лацио подобар од Интер по изведувањето на пеналите

Синоќа беше одигран одличен натпревар на „Џузепе Меаца“ во Милано помеѓу Интер и Лацио во рамките на четврт-финалето од Купот на Италија.

Може да се каже дека синоќешниот натпревар го одбележаа голманските интервенции на Хандановиќ и Стракоша, па поради нивните одлични одбрани, во текот на регулраните 90 минути мрежите мируваа на двете страни.

Сепак, највозбудливо беше во второто продолжение кога паднаа два гола. Најпрвин во 108-ма минута гостите поведоа со голот на Чиро Имобиле, за потоа во самиот финиш на натпреварот, судијата со помош на ВАР да досуди прекршок врз Дамброзио и да досуди пенал кој го реализираше Мауро Икарди.

Во пенал рулетот подобри беа гостите, а клучната одбрана ја имаше Стракоша кој добро го прочита Наинголан и го одбрани пеналот.

Лацио во полуфиналето од Купот на Италија ќе се сретне со Милан, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Фиорентина и Аталанта.

Треба да знаете
Последни објави