Search

Барселона го договори Емерсон

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона постигна договор со Атлетик Минеира за трансферот на Емерсон де Соуза, објави прес-службата на каталонскиот тим.

Трансферот на Емерсон ќе се случи на 1 јули оваа година.

Бразилскиот клуб ќе добие 12 милиони евра за Бразилецот кој ќе добие договор со Барса до летото 2024 година.

Дваесетгодишниот Емерсон е роден во Сао Паоло, а играше и за Понте Прета.

Треба да знаете
Последни објави