Search

Фантастична партија на Нуркиќ за нов НБА рекорд

Босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ влезе во историјата на НБА лигата со извонредно достигнување од 24 поени, 23 скока, седум асистенции и по пет блокади и украдени топки на натпреварот на неговиот „Портланд“ во триумфот над „Сакременто“. Нуркиќ  имаше најдобар 5х5 учинок- најмалку по пет поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади на сите времиња. Досега 13 кошаркари имале сличен скор во 20 наврати, а најдобар беше Џулиус Ирвинг кој во 1976 година оствари 31 поен, 19 скокови и по 5 асистенции, украдени топки и блокади. Босанецот е пв кој постигнал повеќе од 20 поени и скока.

-За дете од селото Својата во Босна не е лошо, но може и подобро, кусо изјави Нуркиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави