Search

Гвардиола: Ние не сме лоши, но Ливерпул е фантастичен

Фудбалерите на Манчестер Сити минатиот викенд славеа против Саутемтон со 3:1, но и натаму имаат седум бода заостаток зад лидерот Ливерпул.

Манчестер Сити моментално се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата со вкупно 45 освоени бодови.

„Ако еден тим освои 100 бода во сезона, а потоа после половина првенство следната сезона освои 45 бода, тоа и не е така лошо. Меѓутоа, проблемот е во тоа што Ливерпул е фантастичен. Тие моментално се во топ форма, можеби најдобриот тим во Европа и светот“, изјави Пеп Гвардиола и додаде:

„Тоа мораме да го прифатиме, а се што можеме да направиме е да ја вршиме нашата работа, да ги играме своите натпревари, а потоа ќе видиме“, изјави Пеп Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави