Search

Меси: Би сакал Гвардиола да се врати во Барселона

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси призна дека до крајот на кариерата би сакал повторно да соработува со Пеп Гвардиола.

Гвардиола го предводеше каталонскиот тим во периодот од 2008-ма до 2012-та година и со Барселона освои се што можеше да се освои, па според Меси, би било одлично соработката да биде обновена.

„Би сакал повторно да соработувам со Гвардиола. Би било одлично кога би се вратил во Барселона еден ден, но не знам колку е реално тоа. Мене ми се чини дека тоа е прилично комплицирано“, изјави Меси и додаде:

„Тој е дефинитивно еден од најдобрите тренери на светот и тоа е причината поради која би сакал да се врати. Беше незаборавно искуство да се соработува со него“, изјави Меси.

Треба да знаете
Последни објави