Search

Игуаин побарал трансфер во Челси

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин, побарал од челниците на клубот да му овозможат да се пресели во Челси, објави „Спорт медиасет“.

Тренерот на Челси, Маурицио Сари, имал желба повторно да соработува со Игуаин. Овие двајца се меѓу најзаслужните за подемот на Наполи. Потоа Аргентинецот за 94 милиони евра се пресели во Јувентус, а летово замина од Торино откако „старата дама“ ги засили редовите со Кристијано Роналдо.

Намерата на Сари и Челси е Игуаин во Лондон да пристигне во јануарскиот преоден рок, како позајмен играч, а по завршувањето на сезоната клубот би имал обврска да го откупи неговиот договор (36 милиони евра).

Игуаин во Милан настапува како позајмен играч на Јувентус.

Јувентус се согласини Игуаин да замине во Челси, Милан исто така бидејќи неговата плата од 8,5 милиони евра е голем товар за клупскиот буџет.

Сари е подготвен во замена за Игуаин во Милан да го испрати најскапиот играч во историјата на Челси, Алваро Мората.

Треба да знаете
Последни објави