Search

Четворица навивачи на Наполи прободени пред дербито со Интер

Пред и за време на натпреварот во Милано, синоќа се случија конфликти меѓу навивачите на Интер и на Наполи. Како што  се објави четворица навивачи на Наполи се прободени со нож.

 

Четириесет и три годишен навивач е хоспитализиран со убоди на рани во стомакот, додека останатите тројца поминале со полесни повреди.

Во исто време, додека траеле судири низ улиците на Милано, еден навивач на Интер бил удрен од автомобил. Според извештаите на медиумите, тој се здобил со сериозни повреди и е хоспитализиран.

Натпреварот заврши со победа на Интер од 1:0.

Треба да знаете
Последни објави