Search

Барселона и ПСЖ подготвуваат размена која ќе го потресе фудбалот?

Познато е дека ПСЖ има проблеми кога е во прашање Финансискиот фер-плеј и многумина веруваат дека парижаните едноставно ќе мора на лето да продадат некоја од своите ѕвезди.

ПСЖ би можеле да останат без пласман во Европа идната сезона доколку не го решат проблемот со Финансискиот фер-плеј, па затоа не би било чудно доколку францускиот клуб наскоро продаде некоја од своите најголеми ѕвезди.

Иако се шпекулира дека Нејмар би бил првиот кој што би го напуштил „Паркот на принцовите“, шпански весник пренесува дека ПСЖ и Барселона се подготвуваат за размена во која на „Камп Ноу“ нема да пристигне Нејмар, туку Килијан Мбапе.

Наводно Барселона во ПСЖ ќе го испрати Филипе Кутињо и ќе доплати уште 140 милиони услуги, а во спротивен правец ќе пристигне младиот француски напаѓач.

ПСЖ на крајот од сезоната ќе мора да инкасира 200 милиони евра, а доколку има вистина во ова, сигурно понудата на Барселона е привлечна затоа што покрај високата сума ПСЖ ќе добие и одлично засилување.

Треба да знаете
Последни објави