Search

Мата: Време е за оптимизам

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата истакна дека е задоволен од реакцијата на неговата екипа после смената на тренерот.

Јунајтед неодамна му врачи отказ на Жозе Мурињо и на негово место пристигна Солскјер кој на најдобар можен начин ја започна својата тренерска кариера на „Олд Трафорд“. Под водство на Норвежанецот, Јунајтед победи на гостувањето кај Кардиф со дури 5:1.

„Легендарниот Солскјер е нашиот нов тренер и не можевме подобро да почнеме. Тоа беше убедлива победа против Кардиф и ќе го подигне моралот на крајот од годината. Време е за оптимизам, да гледаме напред и напорно да работиме за да го поправиме пласманот на табелата. Многу сме мотивирани да го сториме тоа за нашите навивачи кои што го заслужуваат тоа“, изјави Мата.

Манчестер Јунајтед вечерва ја пречекува екипата на Хадерсфилд во рамките на 19-то коло од Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави