Search

Клоп: Засилувања? Само ако се случи нешто драматично

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за можноста клубот од „Енфилд“ да доведе засилувања во текот на јануарскиот преоден рок.

„Засилувања? Тоа е секогаш можно, посебно ако се случи нешто непредвидливо. Среќен сум со екипата со која што располагам, но никогаш не се знае. Имаме некои натпревари пред нас и додека можеме да реагираме, добро е“, изјави Клоп и додаде:

„Ако се случи нешто драматично, ќе ги видиме какви ни се опциите. Ако ништо не се случи, нема да правиме ништо“, изјави Клоп.

Следниот натпревар на Ливерпул е закажан за среда во 16 часот кога избраниците на Клоп ќе ги одмерат силите против Њукасл.

Треба да знаете
Последни објави