Search

Руни: Ниту готвачките не го сакаа Жозе Мурињо

Жозе Мурињо минатата седмица доби отказ од управата на Манчестер Јунајтед, а на Островот отказот на Португалецот и натаму е актуелна тема.

Откако Мурињо го напушти „Олд Трафорд“, англиските медиуми тврдат дека сега атмосферата во клубот е многу подобра, а дека под водство на Мурињо атмосферата не била добра, потврди и Вејн Руни.

„Не сакаа само играчите Мурињо да си замине, туку целиот клуб. Уверен сум дека и Ед Вудвард исто размислувал, па дури и готвачките“, изјави Вејн Руни и додаде:

„За клубот да биде успешен, треба се да биде под контрола, сите да бидат среќни. Односите во клубот беа лоши, но Солскјер е вистинскиот човек кој може се да поправи. Играчите повторно се смеат и неговото доаѓање е вистинскиот потег“, изјави Руни.

Треба да знаете
Последни објави