Search

Гвардиола со коментар околу можното исфрлање на Манчестер Сити од Лигата на шампионите

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде изјава околу евентуалната санкција на клубот поради кршењето на правилата на Финансискиот фер плеј.

Во јавноста излегоа информации дека Манчестер Сити би можел да добие забрана за играње во Лигата на шампионите, а дека е отворена истрага и дека ќе се разгледаат сите можни детали потврди и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Сепак, Гвардиола е убеден дека Манчестер Сити нема да добие ригорозна казна и истакна дека му верува на првите луѓе наклубот.

-Нема да бидеме исфрлени. Тоа го мислам. Му верувам на мојот претседател, на мојот извршен директор кои ми објаснија детално за што се работи. Доколку се случи тоа и ако УЕФА одлучи така, ќе ја прифатиме казната и ќе продолжиме понатака- коментираше Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави