Search

Левандовски е седмиот играч со повеќе од 50 погодоци во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа ја декласираа екипата на Бенфика со 5:1 во рамките на 5-то коло од Лигата на шампионите.

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски синоќа два пати се запиша во листата на стрелците, со што сега на своето конто има 51 постигнат гол во најелитното европско клубско натпреварување.

Покрај Левандовски, уште само шестмина фудбалери имаат постигнато најмалку 50 погодоци во Лигата на шампионите. Левандовски синоќа зад себе го остави Тиери Анри кој што има постигнато 50 погодоци, а после напаѓачот на Баерн следува Руд Ван Нистелрој со 56 погодоци.

Следува Бензема со 59, Раул Гонзалес со 71, а неприкосновени на врвот се Лионел Меси со 105 и апсолутниот рекордер Кристијано Роналдо со 121 погодок.

Треба да знаете
Последни објави