Search

Ривер Плата и Бока Јуниорс можно е да играат во Абу Даби

Вториот натпревар од големото финале на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс беше одложен во саботата поради хаосот што настана во Буенос Ариес во кој навивачи на Ривер Плата го нападнаа автобусот со играчите на Бока на пат кон „Монументал“.

 

Сега се шпекулира дека можно е овој натпревар да се одигра во Абу Даби – сценарио што според аргентинските медиуми е чудно, но не и нереално.

По одложувањето на средбата во саботата, и во неделата не се одржа натпреварот бидејќи играчите на Бока уште не се чувствуваа добро по вандалскиот напад.

Неделава во Буенос Аирес се одржува политичкиот самит Г20, па аргентинската полиција ќе биде фокусирана на тој настан, па средбата би можело да се одложи дури на 8 или 9 декември.

Но, Светското клупско првенство почнува на 12 декември во Абу Даби, па водството на CONMEBOL размислува да се одигра мечот таму.

На првенството се познати сите учесници освен првакот на Јужна Америка, а Ривер или Бока ќе играат полуфинале на 18 декември, така што победникот од дуелот ќе остане во ОАЕ.

Наскоро ќе се знае официјалната одлука, а за потсетување, првиот меч на „Бонбониера“ заврши со резултат од 2:2.

Треба да знаете
Последни објави