Search

Барселона собори негативен рекорд стар 20 години

Барселона оваа сезона во шпанска Примера игра во променлива форма – вчера Каталонците го претрпеа вториот пораз и тоа од екипата на Бетис со 4:3.

Сепак, тоа што најмногу треба да го загрижи тренерот Ернесто Валверде е играта на одбраната на неговата екипа која што непрекинато прима голови. Интересно е тоа што Барселона не успеа да ја сочува својата мрежа од второто коло кога играше против Рајо Ваљекано.

Од тогаш, Каталонците примаат барем по еден гол на сите десет натпревари во Примера, со што соборија негативен рекорд стар 20 години.

Последен пат кога Каталонците биле така лоши во одбраната беше во 1998-ма година кога екипата ја водеше Луј Ван Гал.

Без оглед на тоа, Барселона и натаму е на лидерското место во шпанска Примера со 24 освоени бодови.

Треба да знаете
Последни објави