Search

Погба проговори за можноста да се врати во Јувентус

Пол Погба имаше победнички кам-бек во Торино, односно со својот сегашен клуб Манчестер Јунајтед успеа да слави над Јувентус со 2-1.

Оваа средба на Французинот беше специјална со оглед на тоа што мина неколку прекрасни сезони во таборот на „бјанконерите“, па запрашан за тоа дали во иднина може да се види во старата средина тој одговори:

– Кој знае? Сега сум со Јунајтед. Има толку многу гласини за ова, но среќен сум што играм за Манчестер Јунајтед. Беше прекрасно да се вратам овде иако беше чудно да влезам во гостинската соблекувална. Бев толку навикнат на онаа на Јуве. Реакцијата на навивачите ме трогна како што ми недостигаше и италијанскиот фудбал. Беше прекрасно да се вратам на овој стадион каде што започнав и освоив големи трофеи, -рече Погба кој проговори и за победата на Јунајтед.

– Победата беше важна, но навивачите на Јуве навистина топло ме пречекаа. Не прославив кога поведовме со 2-1, се чувствував премногу чудно. Видов толку многу луѓе што добро ги познавам. Игравме против одличен тим и навистина мораше да победиме, -истакна Пол.

Треба да знаете
Последни објави