Search

Иниеста направи анализа за „Ел Класико“ и додаде: Му испратив порака на Лопетеги веднаш по отказот

Андрес Иниеста вели дека се навикнал на животот во Јапонија и среќен е за тоа што и неговите деца полека ја прифаќаат културата во оваа земја, особено неговата најстара ќерка Валерија која почнала и да го изучува јазикот на Јапонците.

Иниеста го откри  кога сето ова  го направи за емисија на познато шпанско радио но истото секако го искористи за да даде свој коментар и за последните актуелности во шпанскиот фудбал.

Секако, најсвежи се сеќавањата од последното „Ел Класико“ дерби во кое неговата сакана Барса го декласираше Реал Мадрид со 5:1, натпревар кој легендарниот Дон Андрес го гледал сам во својот дом во Јапонија.

– Последното „Ел КласикО“ го гледав сам бидејќи веќе беше доцна во Јапонија. Тоа беше натпревар на кој Барселона беше многу супериорна и не му даде шанса на Реал Мадрид. Можеби звучи чудно, но на таков натпревар отсуството на Меси нема големо значење. Тоа е така поради тоа што сите други играчи се на највисоко ниво, – потенцира Иниеста кој додава дека жали за судбината која го снајде Хулен Лопетеги по споменатото „Ел Класико“.

– Во фудбалот, сите нешта ги диктираат резултатите, тие се оние кои одлучуваат за иднината на тренерот. Имам многу добар однос со Лопетеги, се однесуваше генијално со мене и правеше да се чувствувам многу добро. Му пратив порака веднаш откако доби отказ, – открива Андрес.

Треба да знаете
Последни објави