Search

Невил и Гигс го „спасуваат“ Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми пишуваат дека од редовите на Манчестер Јунајтед ќе побараат помош од нивните легендарни поранешни играчи, Гери Невил и Рајан Гигс.

 

Имено, „Ѓаволите“ имаа проблеми со навремено пристигнување на стадионот за време на натпреварите од Лигата на шампионите против Валенсија и Јувентус, па сега за да го избегнат тоа, веројатно ќе престојуваат  во  хотелот кој е во сопственост на Гигс и Невил и кој се наоѓа непосредно до „Олд Трафорд“.

 

 

Инаку од Манчестер Јунајтед  користат хотел кој е нешто подалеку од „Олд Трафорд“, а за натпреварот со Јувентус отседнаа во хотел кој е поблиску до стадионот на клубот, но повторно задоцнија на средбата.

За да се избегне доцнењето, а со тоа да се избегнат и казни од УЕФА, од Манчестер Јунајтед ќе се обратат на Гигс и Невил за да добијат дозвола за престој во нивниот хотел.

Треба да знаете
Последни објави