Search

Хрватска го претрпе најтешкиот пораз во историјата

Хрватската фудбалска репрезентација не дебитираше на најдобар начин во Лигата на нациите – синоќа во Елче избраниците на Далиќ беа декласирани од Шпанија со 6:0.

Светските вицешампиони на овој натпревар настапија во нешто поизменет состав, а тоа се почувствува и на теренот, па после само 45 минути игра веќе беше јасно дека домаќините ќе остварат висока победа.

Саул Нигез го отвори резултатот во 24-та минута, а до крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запишаа и Марко Асенсио и Калиниќ кој што постигна автогол.

На стартот од второто полувреме „Фуријата“ тргна фуриозно – Родриго зголеми на 4:0 во 49-та минута, а до 70-та година Шпанците веќе имаа убедливо водство од 6:0 благодарение на головите на фудбалерите на Реал Мадрид, Серхио Рамос и Иско.

Треба да знаете
Последни објави