Search

„Дури и моите родители ми рекоа дека е невозможно Роналдо да се пресели во Јувентус“

Многумина ова лето беа изненадени од трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, а ниту Алваро Мората не верувал дека Португалецот ќе се пресели во Торино.

Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, Алваро Мората изјави дека кога слушнал за можниот трансфер на Роналдо во Јувентус, мислел дека тоа е само уште една медиумска шпекулација.

„Точно е дека не можев да поверувам дека Роналдо се сели во Јувентус. Мислев дека тоа е само шпекулација, затоа што очекував да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Дури кога спортскиот директор на Јувентус ми потврди, тогаш сфатив што се случило“, изјави Мората и додаде:

„Дури и моите родители ми рекоа дека е тоа е невозможно, а мене и пред Светското првенство ми рекоа дека ќе се случи тоа, но не им верував“, изјави Мората.

Треба да знаете
Последни објави