Search

Мурињо се согласи да плати казна на даночната служба на Шпанија

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, постигна договор со даночната служба на Шпанија, која го теретеше за затајување данок.

Како што е наведено португалецот е обвинет за финансиска измама извршена во 2011 и 2012 година, кога го предводеше Реал Мадрид.

Според изворот, Мурињо признал прекршоци и се согласил да плати парична казна од 670 илјади евра.

По ова се очекува случајот против португалскиот тренер да биде затворен и со тоа тој да избегне евентуална затворска казна.

Треба да знаете
Последни објави