Search

СП 2018: Четворица повредени во стампедо во фан-зона на Бразил

Четворица бразилски навивачи настрадаа во стампедо што се случи пред стадионот Минерау во Бело Хоризонте.

 

До инцидентот во фан-зоната каде што организирано присуствуваа навивачи за следење на натпреварите од Светското првенство 2018 година меѓу Бразил и Србија, дојде откако поголема група на луѓе почна да се пробива кон стадионот.

Во зоната на навивачите дојдоа околу 30 илјади луѓе, па седиштата не беа доволни за сите.

Бразилската полиција се обиде да го спречи нападот на толпата и дури користеше солзавец.

Треба да знаете
Последни објави