Search

Платите на селекторите на СП: Јоаким Лев најплатен, Алиу Сисе заработува најмалку

Како и пред секое Светско првенство, светските медиуми ги открија платите на секој еден селектор кој ќе седи на кормилото на некој од националните тимови на претстојниот собир на најдобрите репрезентации во светот.

Јоаким Лев е најплатениот селектор на СП 2018

Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Русија носи неколку занимливи податоци за платите на селекторите, а најзанимлив е оној дека точно половина од нив имаат годишна плата помала од 1 милион евра.

Најплатен од сите национални тренери на овој Мундијал ќе биде германскиот селектор Јоаким Лев, кој годишно добива плата од 3,8 милиони евра. На спротивната страна од листата се наоѓа сенегалскиот селектор Алиу Сисе, кој годишно заработува само 198.000 евра и со тоа е единствениот кој има годишна плата помала од 200.000 евра.

Интересно е дека петти најплатен селектор на овој Мундијал е Станислав Черчешов, кој седи на клупата на репрезентацијата на Русија. Иако нема некој посериозен успех со репрезентацијата, тој е платен 2,5 милиони евра годишно. Интересна е и ситуацијата на Роберто Мартинез, кој иако е познат тренер и седи на клупата на силна репрезентација како Белгија, сепак се наоѓа во долната половина од листата.

Платите на селекторите на СП Русија 2018:

  1. Јоаким Лев (Германија) – 3.800.000 евра
  2. Тите (Бразил) – 3.600.000
  3. Дидие Дешамп (Франција) – 3.600.000
  4. Хулен Лопетеги (Шпанија) – 2.900.000
  5. Станислав Черчешов (Русија) – 2.500.000
  6. Фернандо Сантош (Португалија) – 2.200.000
  7. Герет Саутгејт (Англија) – 1.900.000
  8. Карлос Кеирош (Иран) – 1.900.000
  9. Жорге Сампаоли (Аргентина) – 1.800.000
  10. Оскар Табарез (Уругвај) – 1.700.000
  11. Хектор Купер (Египет) – 1.500.000
  12. Хозе Пекерман (Колумбија) – 1.500.000
  13. Хуан Пици (Саудиска Арабија) – 1.400.00
  14. Берт ван Марвијк (Австралија) – 1.200.000
  15. Рикардо Гарека (Перу) – 1.100.000
  16. Хуан Осорио (Мексико) – 1.000.000
  17. Аге Хареиде (Данска) – 925.000
  18. Акира Нишино (Јапонија) – 925.000
  19. Роберто Мартинез (Белгија) – 925.000
  20. Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 845.000
  21. Херв Ренард (Мароко) – 777.000
  22. Хелмир Халгримсон (Исланд) – 697.000
  23. Златко Далиќ (Хрватска) – 546.000
  24. Герно Рор (Нигерија) – 498.000
  25. Јане Андерсон (Шведска) – 447.000
  26. Шин Тае Јонг (Јужна Кореја) – 447.000
  27. Хернан Гомез (Панама) – 398.000
  28. Набил Малуи (Тунис) – 348.000
  29. Оскар Рамирез (Костарика) – 348.000
  30. Младен Крстајиќ (Србија) – 298.000
  31. Адам Навалка (Полска) – 268.000
  32. Алиу Сисе (Сенегал) – 198.000
Треба да знаете
Последни објави