Search

Алекс Фергусон се разбуди од кома, еве што рекол прво!

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се разбуди од кома после операцијата поради излив и крварење во мозокот.

Фергусон во саботата вечер итно беше пренесен во болница откако му се слошило дома. Лекарите утврдиле дека имал мозочен удар.

Операцијата беше направена истата вечер и помина без никакви проблеми, и набрзо беше објавено дека познатиот Шкот беше е во стабилна состојба.

Фергусон (76),  може да седи на кревет и првото нешто што го кажал на семејството кога се разбуди беше: “Јас преживеав”.

Денот го поминал со насмевка и разговор со семејството и болничкиот персонал.

Состојбата на Алекс Фергусон беше тема број еден на островот во текот на викендот, а поранешниот фудбалер на Јунајтед, како и многу ривали и тренери, му дадоа огромна поддршка.

Треба да знаете
Последни објави