Search

Зидан ја даде првата прогноза за повредата на Роналдо која ги исплаши фановите на Реал

Кристијано Роналдо предизвика страв и паника меѓу фановите на Реал Мадрид поради тоа што не го одигра второто полувреме на „Камп Ноу“ против Барселона, а шпанските медиуми за време на големото дерби известија дека станува збор за повреда на зглобот која Португалецот ја заработил за време на постигнување на израмнувачкиот гол во првиот дел.

Првата ѕвезда на Реал не се појави на теренот во вториот дел и беше заменет од страна на Марко Асенсио, а сето ова доби навистина голема тежина бидејќи „кралевите“ за точно 20 дена го играат најважниот натпревар во сезоната, големото финале во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Поради тоа, шпанските новинари се обидоа да дознаат поточно за каква повреда станува збор, а Зидан по мечот ја даде својата прва прогноза за состојбата на Роналдо.

– Во овој момент не се чувствува добро, но ќе биде надвор за кратко. Станува збор само за едно неправилно движење. Утре ќе направи магнетна резонанца по што ќе знаеме што ќе правиме. Не е доведен во прашање за финалето во Лигата на шампионите, немој да бидете загрижени. Беше малку загрижен, но и самиот рече дека е мала работа, – им порачал Зидан на новинарите.

Треба да знаете
Последни објави