Search

Симеоне: Останувам во Атлетико Мадрид

Долго време се шпекулира дека Диего Симеоне би можел да го напушти Атлетико Мадрид и да се пресели во Челси, ПСЖ, Интер или Арсенал.

Сепак, после мадридското дерби минатиот викенд, Диего Симеоне јасно даде до знаење дека нема никаква намера да го напушти кормилото на Атлетико Мадрид.

„Мојата иднина? Останувам во Атлетико Мадрид“, накратко порача Диего Симеоне после ремито (1:1) помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.

„Ова е голем клуб, а и понатаму растеме. Горд сум на нивото на кое што клубот се издигна во изминатата деценија. Горд сум на начинот на кој што успеваме да се натпреваруваме со „супермоќните“ клубови како што се Реал Мадрид и Барселона“, изјави Диего Симеоне.

Треба да знаете
Последни објави