Search

Сите клубови во опасност: 20 играчи кои се на жолт картон до суспензија во Лигата на шампионите

Почетокот на четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите ќе донесе нови и уште поголеми возбудувања на фудбалските терени, а само една од овие осум екипи ќе го подигне престижниот „пехар со уши“ во Киев.

Екипите мора да внимаваат и на дисциплината бидејќи на дури 20 фудбалери им се заканува суспензија за реваншите од оваа фаза, а меѓу нив се и многу важни играчи како Левандовски, Рамос, Кјелини, Бен Једер…

Баерн Минхен (Левандовски, Толисо, Кимих, Боатенг, Руди)

Севиља (Бен Једер, Ескудеро, Меркадо)

Јувентус (Кјелини, Алекс Сандро, Бентанкур)

Реал М (Рамос)

Рома (Пероти, Манолас)

Барселона (Серхи Роберто)

Ливерпул (Хендерсон, Морено)

Манчестер С (Гундоган, Данило, Фернандињо)

Суспендирани за првите натпревари се Пјаниќ, Бенатија и Банега.

Треба да знаете
Последни објави