Search

Жилберто Силва го посочи играчот на Арсенал кој бил најблиску до неговото ниво во изминативе 10 години

Жилберто Силва беше дел од историските денови и достигнувања на Арсенал како играч кој имаше можност многу да научи од големиот фудбалски мајстор Патрик Виера, но по неговото заминување од Северен Лоднон, Арсен Венгер едноставно не успеа да пронајде играч кој ќе ги задоволи стандардите на позицијата дефанзивен фудбалер за врска, па од 2008 година па се до денес, „топчиите“ сменија безброј играчи на ова место.

Од актуелниот ростер, Венгер смета на Гранит Џака и Мохамед Елнени како класични деструктивци на противничката игра, но и двајцата ни одблиску не ги задоволуваат барањата на фановите на Арсенал кои сигурно заборавија кога последен пат имале вистински столб во средината на теренот. Сега, на оваа интересна тема се огласи и Бразилецот Силва, кој смета дека единствениот кој дошол приближно до неговото ниво на константност во играта бил Алекс Сонг кој едноставно имаше вртоглав пад во формата по заминувањето од Арсенал во Барселона.

– Мислам дека Алекс Сонг беше играчот кој најмногу ги задоволуваше потребните стандарди, но тој брзо си замина во Барселона и потоа Вест Хем. Мислам дека тој беше најблиску до стандардите кои се потребни да ги имате за да играта на оваа позиција, пред да си заминам, добра сезона имаше и Фламини. Навистина е тешко да се најде играч кој е добар на позицијата последен играч за врска. Оваа улога бара да играте едноставно. Не може да правите работи како Анри, Роналдо и останатите такви играчи, треба да бидете едноставни за да играте на ова место, – смета Силва.

Треба да знаете
Последни објави