Search

Роналдо: Рекордер сум и со бебиња, три за три месеци

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, деветти пат по ред е избран за најдобар португалски фудбалер на годината.

 

Логично, Роналдо е најдобар во Португалија за 2017 година во која со Реал Мадрид ја одбрани титулата од Лигата на шампионите, ја освои Примера, Суперкупот на Шпанија и Европа и доби Златна топка наменета за најдобриот фудбалер на светот.

Тој ја доби оваа награда во конкуренција со сонародникот Бернардо Силва од Манчестер Сити и голманот на Спортинг Лисабон Руи Патрисио.

Роналдо, во свој стил, им одговори на критичарите и порача дека тој зборува на теренот.

„Благодарен сум за наградата која и припаѓа и на сите мои соиграчи. Минатата година беше фантастична и незаборавна, како колективно, така и индивидуално. Ја освоив петтата Златна топка, а добив и четврто дете. Тоа е уште еден рекорд, три бебиња за три месеци. Секогаш верувам дека сум најдобар, без разлика на тоа што се зборува, јас зборувам на теренот“, изјави Роналдо на свеченоста во Лисабон.

Роналдо минатата сезона постигна 42 погодоци на 46 натпревари, а во оваа сезона на своето конто веќе има 37 гола и е на добар пат да го надмине тоа.

Треба да знаете
Последни објави