Search

Фиорентина во чест на Астори го промени името на тренинг центарот

Фиорентина официјално објави дека на својот тренинг центар ќе му го даде името на неодамна починатиот капитен Давид Астори.

 

„Изминатата седмица беше посебно тешка. Благодарност до сите оние кои покажаа разбирање во овој тежок период. Се создаде чувство на единство во светот на спортот кај сите кои ја споделуваа вредноста на Астори и имаа прилика да го познаваат. Сакаме да му го посветиме нашиот тренинг центар, бидејќи тоа е негов дом. Овде го поминуваше и слободното време со семејството. Нашиот спортски тренинг центар од сега ќе го носи името Давид Астори. Тоа е прва иницијатива со која сакаме да бидеме сигурни дека оваа посебна личност е со нас секој ден. Го договараме најдобриот начин со семејството на Астори и локалните власти“, изјави директорот на Фиорентина.

За потсетување, Фиренца тагува по омилениот играч кој почина пред две седмици, воочи натпреварот меѓу Фиорентина и Удинезе.

Клубот во негова чест го пензионираше дресот со неговиот број, а денеска објави дека по него ќе го нарече помошниот терен, каде првиот тим ги одработува тренинзите.

Треба да знаете
Последни објави