Четири лица тешко повредени во сообраќајќи во Скопје

Четири лица тешко повредени во сообраќајќи во Скопје

Четири лица се тешко повредени, а 20 се здобиле со полесни повреди во 19 од евидентирани 30 сообраќајки изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 91 возач за пречекорување на дозволената брзина на движење,  а исклучила од сообраќај  68 возачи, 12  под дејство на алкохол, 50 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници. 

Од сообраќај се исклучени 42 возила, од кои 40 биле нерегистрирани, и по едно технички неисправно и за претовар.

Изречени се 285 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 153 возила. 

Казнети се и четворица пешаци за поминување надвор од пешачки премин, пет за поминување на црвено светло, како и 14 возачи за поминување на црвено светло, три не дале првенство на минување на пешаци, шест неправилно се престроиле, а еден за неправилно престигнување.

Треба да знаете
Последни објави