Search

Конте: Меси е тој кој што ја прави разликата

Фудбалерите на Челси синоќа беа елиминирани од Лигата на шампионите откако беа поразени на „Камп Ноу“ од Барселона со високи 3:0.

Синоќа Лионел Меси брилираше против Челси, постигна два погодоци, а исто така постигна гол и на првиот натпревар кој што се играше на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон. После елиминацијата, тренерот на Челси, Антонио Конте имаше само пофални зборови за ѕвездата на Барселона.

„Се поздравивме кога му пријдов затоа што говориме за играч кој што може да направи разлика на многу очигледен начин. Тој може да го промени резултатот и тоа се виде на овие два натпревари“, изјави Антонио Конте.

Треба да знаете
Последни објави