Search

Властите се сомнeваат дека Астори е убиен

Отворена е кривична постапка поради сомнение дека станува збор за убиство на 31-годишниот фудбалер на Фиорентина, Давид Астори, кој ненадејно почина.

 

Оваа вест која го шокираше Апенинскиот полуостров, ја потврди и главниот обвинител Антонио де Николо.

„Отворивме кривична постапка поради можноста за убиство. Тоа е неопходен чин. За сега е отворен против непозната личност. Договоривме аутопсија и наскоро ќе се изврши“, изјави Николо за италијанските медиуми.

Астори беше пронајден во безживотна состојба во хотел, воочи натпреварот на неговиот тим против Удинезе. Меѓутоа, на неговото тело немало траги на насилство.

Подоцна, било утврдено дека последна порака која ја испратил Давид била вечерта меѓу саботата и неделата на својот соиграч Марко Спортиело, со кого заедно играле видео игри во собата.

Марко му напишал на Астори порака дека си ги заборавил чевлите во неговата соба, а капитенот му одговорил дека ќе дојде по нив наутро.

Денеска, само ден откако фудбалскиот свет остана нем пред веста за смртта на капитенот на Фиорентина, би требало да биде извршена обдукција, после која ќе се знае точната причина за смртта на Астори.

Треба да знаете
Последни објави