Search

Докторот на „аѕурите“ откри што може да биде причината за ненадејната и шокантна смрт на Астори!

Првите луѓе во италијанскиот фудбал го испратија телот на Давиде Астори на аутопсија за да се утврди точната причина за застанувањето на неговото срце, проблем кој очигледно го имал капитенот на Фиорентина, а кој редовните прегледи од страна на докторите не успеале да го детектираат.

Ненадејната и шокантна смрт на 31-годишниот Астори ги растажи сите фудбалски фанови и сите медиуми на Апенините, но истоворемено отвори и низа прашања за тоа како може на еден ваква врвен професионалец да му се случи вакво нешто и да заврши со трагични последици.

Јасно е дека точната причина за смртта ќе биде позната по извршувањето на комплетната аутопсија, а во меѓувреме „Газета“ побара одговор и предвидување од страна на угледниот италијанскиот доктор, Карло Транкили. Карло е угледен професор и работи како прв лекар во италијанската репрезентација до 21 година, а неговото предвидување е дека Астори страдал од патолошка аномалија на срцето.

– Редовните контроли на професионалните спортисти не може целосно да ја елиминира можноста за ненадејна смрт. Истражувањата кои се прават врз фудбалерите го намалуваат овој процент за 89 посто, но не сосема. Во Италија, ние сме должни да имаме комплетни здравствени информации за секој професионален спортист. Оваа контрола кај нас е многу построга во споредба со другите земји. Има премногу истражувата на кои подлегнуваат спортистите, малкумина земји во светот го прават тоа што ние го правиме во Италија. За жал, постојат патолошки болести кои не можеме да ги уловиме. Спортистите под 35-годишна возраст можат да развијат патолошки состојби како хипертфорична кардиомипатија или артритис дисплазија. За овие болести може само да се сомневате, но никако не можете да ги препознаете и откриете на време. Само да биде посликовито, во Италија спортистите најмалку еднаш во шест месеци подлегнуваат на комплетни испитувања, но повторно останува можноста за ненадејна смрт, – објаснува Транкили.

Треба да знаете
Последни објави