Search

Цел свет го чека овој натпревар!

Два од тимовите со најголеми претензии за титулата во Лигата на Шампионите во оваа сезона – Реал Мадрид и ПСЖ, ќе се соочат еден против друг уште во осминафиналето. Мечот за финалето пред финалето со нетрпение го чекаат сите љубители на фудбалот.

Оваа сезона се наоѓа во разнишана форма, па затоа „кралевите“ ќе ги насочат сите сили во Лигата на Шампионите. Турнирот е последна шанса за тимот на Зинедин Зидан да земе трофеј, откако Реал отпадна од Купот на кралот, а во Ла Лига е на 15 поени зад Барселона.

Шампионот од последните две сезони во ова натпреварување за прв пат не е апсолутен фаворит во очите на букмејкерите кои дури даваат мала предност за ПСЖ.

„Што се случило до тука нема никакво значење. Ова е Лигата на Шампионите, осминафиналето каде доаѓаат големите натпревари, каде што сè се менува. Лигата на Шампионите е нашиот турнир и сме го докажале година по година“, рече левиот бек Марсело пред натпреварот.

Реал достигнува до полуфиналето во секоја од последните седум сезони и традициите се на страната на Шпанците. Уште повеќе дека ПСЖ отпадна во фаза на осминафиналето пред една година, иако ја победи Барселона во првиот натпревар со 4: 0. Во реваншот сепак „каталонците“ направија неверојатен пресврт и победија со 6: 1, а подвигот беше инспириран од Нејмар, кој сега игра за ПСЖ.

На страната на Реал е и гол формата на Кристијано Роналдо. Португалецот постигна во секој од шесте натпревари од групната фаза во есента. Во последниот дуел од првенство, пак Роналдо се запиша два пати и покажа дека си враќа во добрата форма.

Од своја страна ПСЖ исто така се наоѓа во добра состојба и е во серија од шест последователни победи.

„Ние гледаме на овој натпревар како на можност. Можност да покажеме дека сме се опоравиле од минатогодишниот удар кој го претрпевме. Мислам дека сега сме позрел и поискусен тим, а и доста подобар“, рече тренерот на ПСЖ, Унаи Емери.

Добрата вест за него е враќањето на Лејвин Курзава и Единсон Кавани, кои беа повредени. Искусниот Тиаго Мота сепак ќе го пропушти натпреварот.

Во другиот натпревар од програмата на Лигата на шампионите ќе се соочат Порто и Ливерпул. „Црвените“ покажаа одлична форма во Премиерлигата, а освен тоа ќе играат за прв пат во осминафиналето по девет години.

Екипата на Јирген Клоп има само еден пораз, како гостин во Португалија, тој замина за Пиринејскиот полуостров со сите свои големи ѕвезди и без сериозни проблеми.

Први осминафинални средби:

Реал Мадрид – ПСЖ (20:45)

Порто – Ливерпул (20:45)

 

Треба да знаете
Последни објави