Search

Меси ги објави фаворитите за освојување на ЛШ

Меси ги објави фаворитите за освојување на ЛШ

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, ги објави своите фаворитии за освојување на Лигата на шампионите, се разбира, како конкуренти на неговиот тим.

Според аргентинската суперѕвезда, освен Барса, најсериозни шанси да го кренат трофејот имаат Манчестер Сити или Пари Сен Жермен.

– Манчестер Сити е еден од најсилните тимови, како и ПСЖ. Исто така, не го исклучувам Реал, бидејќи тие имаат квалитети и искуство, но во моментов не ги покажуваат очекуваните резултати, објасни Лео.

– Баерн е секогаш меѓу кандидатите, тие имаат одличен тим кој ќе игра до последно, додаде тој.

– Но, во моментов, најдобри се Ман Сити и ПСЖ, заклучи Меси, цитиран од шпанските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави