Search

(ВИДЕО) Jа гризнал батеријата од мобилниот и му експлодирала во устата

Jа гризнал батеријата од мобилниот и му експлодирала во устата

Видеото на кое еден маж во продавница за електроника во Кина предизвикал експлозија кога гризнал батерија на „ајфон“ стана хит на интернет. Снимката направена со сигурносните камери е поставена на Miaopai, кинеската платформа за размена на видеосодржини.

Според пишувањето на Taiwan Wews, мажот дошол во продавницата на 19 јануари за да ја замени батеријата на својот „ајфон“. За да се увери дека е вистинска батеријата што сакал да ја купи, одлучил малку да ја загризе, што во истата секунда предизвикало експлозија.

Иако батеријата му експлодирала во лицето и многу блиску до другите луѓе, никој не е повреден.

Точно е дека лажните и фалсификувани литиум-јонски батерии може понекогаш да експлодираат или едноставно да се прегреат, но методот на тестирање на батеријата на непознатиот Кинез зачуди многумина. Сè уште не е познато дали батеријата експлодирала затоа што била лажна или дека тој ја оштетил со забите.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=uBgUboM6Rdk

 

 

Треба да знаете
Последни објави