Search

Неизвесно е дали украинската пејачка Алина Паш ќе настапи на евровизија

Нејзината шанса да се натпреварува на Евросонг е ставена на чекање.

28-годишната Украинка Алина Паш вели дека е подготвена да ја претставува својата земја на овогодинешната Евровизија во мај, откако победи на телевизискиот натпревар во саботата.

Но, национална телевизија на Украина UA: PBC го суспендираше договорот таа да биде претставник на земјата на Евросонг, објави „Би-би-си“.

Властите го истражуваат нејзиното патување на Крим во 2015 година, област над која Русија ја презеде контролата во 2014 година.

Доказот дека Алина ги известила властите за тоа како влегла во регионот Крим е премет на истрага. Во изјава за „Би-би-си“, украинската национална телевизија вели дека го очекува одговорот на државната гранична служба за да ја потврди валидноста на документот.

Тоа значи дека нејзиниот евровизиски настап е ставен на чекање додека не заврши истрагата.

Пробемот во врска со нејзината посета на Крим се случува додека светот гледа дали Русија ќе ја нападне Украина.

„Веќе имаме толку многу проблеми“, вели Алина за BBC Radio 1 Newsbeat. „Пандемијата е еден од нив, и сè уште е присутна. Дали ни треба и војна ? Дали сте сериозни?“

Треба да знаете
Последни објави