Search

Тешка сообраќајна незгода во „Влае“, преполовено едно од возилата

Тешка сообраќајна незгода во која учествуваа две возила се случи утрово во непосредна близина на мостот „Влајко“ во скопската населба Влае.

Целосно е затворен булеварот „Партизански одреди“ во правец од Ѓорче кон Центар, а сообраќајот се пренасочува по околните улици.

Очевидци на настанот сведочат за страшна слика на местото на несреќата. Од јачината на ударот, автомобилот е преполовен и свртен во спротивен правец.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави