
На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје.
При сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче”, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


