Skip to main content
Хроника

15-годишник на социјалните мрежи објавил експлицитни фотографии од малолетно девојче

12/08/2026  14:17

На 11.08.2026 во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.