Search

Хјуман Рајтс Воч“: Хрватска илегално и насилно ги враќа бегалците во Босна и Херцеговина

Хрватската полиција ги враќа мигрантите и бегалците назад во Босна и Херцеговина, во некои случаи насилно, не давајќи им можност да побараат азил, објави „Хјуман Рајтс Воч“.

Организацијата со седиште во Њујорк разговарала со 20 луѓе, вклучувајќи и едно момче без придружба, а тие откриле дека хрватската полиција ги депортирала во Босна и Херцеговина без да го процесуира нивниот случај.

Шестнаесе лица, вклучувајќи жени и деца, тврдат дека полицијата ги тепала со пендраци и ги удирала, а им ги украла паричникот или уништила мобилните телефони.

„Хрватска има обврска да ги заштити барателите на азил и мигрантите“, истакна Лидија Гал, истражител на организацијата за Балканот и источна Европа.

Треба да знаете
Последни објави