Search

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

– Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

– Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ. 

Треба да знаете
Последни објави