Search

Тој го стави Реал во сенка: Почина човекот одговорен за револуцијата наречена „Барселона”

Хозе Луиз Нуњез е човекот кој ја почна револуцијата во каталонскиот клуб „Барселона” како претседателот со мандат од 1978 до 2000 година и направи европски и светски гигант. На жалост на фановите и фудбалската јавност, тој почина на 87-годишна возраст.

Под негов мандат, спортското друштво Барселона позади нејзиното име запиша 175 трофеи, од кои кошаркарите 26, ракометарите 50, хокејарите 37 и најмногу, фудбалерите со 62 трофеи. Иако сите се важни, сепак за ,,каталонците” најголемо значење имаат оние од фудбалот, зошто така излегоа од сенката на Реал Мадрид. Тоа се оние најдрагите освоени седум шампионски трофеи во Ла Лига, шест национални купови, четири купови во ,,Куп на победниците на Куповите” и највредниот, прв шампионски трофеј во Лигата на шампиони.

Сопственикот на градежна фирма и ланец на хотели, ја создаде победничкатата генерација на попознатиот ,,Дрим Тим” предводен од Јохан Кројф, кој беше незапирлив тим на терените. Како една од најуспешните сезони беше неговата претпоследна сезона, во 1999 година кога на 100-годишнатата од спортското друштво успеа да освои 4 трофеи во сите 4 спортови.

Треба да знаете
Последни објави